ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција, останува уште да се согласат на одложена примена на уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која, како што велат од партијата, доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

„Останува уште ДУИ, освен за опозиција, да се согласи за одложена примена на измените сѐ до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет.

Сакале-нејќеле, догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, рефлектирајќи го она што Мицкоски соопшти дека го кажал на лидерската средба.

За потсетување, на предлогот на Ковачевски за влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата (со тоа што да добие пет ресори со кои сега раководи СДСМ) под услов да прифати уставни измени кои би почнале да важат по одржувањето на втората меѓувладина конференција со ЕУ, Мицкоски одговорил дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа влез во владата само ако ДУИ не биде дел од неа, а уставни измени прифаќа само ако почнат да важат кога земјите членки ќе ја започнат ратификацијата на членството на Македонија во ЕУ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој од обвинителите и судиите добива дијареја, покачена температура или анксиозност
- Реклама -