Стоилковски му одговори на Заев: Ајде на избори и референдум, па да видиме дали 75% од граѓаните се за Договорот со Бугарија

Ако Заев е убеден во поддршката од 75% од граѓаните, нека тоа се потврди истовремено и на референдум, и на парламентарни, и на претседателски избори, повика портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски, по изјавата на екс-премиерот и потписник на договорот со Бугарија, дека само 25% од граѓаните биле за референдум и дека сите тие се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Македонија сѐ уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев, е убеден дека 75% од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати.

Бидејќи газдата на Ковачевски и на Пендаровски и творецот на сите предавства – Заев, е убеден во поддршка од 75%, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори!“, повика Стоилковски.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило
- Реклама -