МНР и МО ѝ одговорија на Захарова: Северна Македонија одлуките ги носи самостојно, стоиме зад територијалниот интегритет на Украина

„Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност“, се наведува во заедничкото соопштение на МНР и Министерството за одбрана, како реакција на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, за тенковите што земјава ѝ ги донираше на Украина.

„Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција“, се посочува во соопштението.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Двете министерства потенцираат и дека „Република Северна Македонија, како членка на најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји-членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации“.

- Реклама -