Гошев: Нашите политички актери комуницираат на рамниште на Хутите и Тутсите, резолуцијата за црвените линии нема да се случи

Добро би било главните политички актери (власта и опозицијата) во Македонија да се договорат што да им соопштат на Бугарите, но малку е веројатноста да се случи резолуција за црвените линии на Македонија, бидејќи комуникацијата на нашите политички актери „е на рамниште на Хутите и Тутсите“ и тоа „безброј пати го покажале“, вели Петар Гошев во изјава за „Дојче веле“, прашан за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да се стават на хартија црвените линии на Македонија во преговорите со Бугарија.

Освен што е песимист/реалист во поглед на способноста на власта и опозицијата да се договорат, Гошев посочува, според него, и дел од причините за тоа.

„Не знаат што е ‘нормален политички процес’, а не знаат затоа што повеќето од нив се во ‘претполитичко бунило’ и заслепени од најпримитивна алчност. Кога се среќаваат на по некоја т.н. лидерска средба и потоа даваат изјави, тешко некој да може да сфати за што разговарале, што се договориле и зошто воопшто се сретнале. Не можат да се согласат ни кое годишно доба е во моментот, а не, пак, за некое друго прашање. Тие никогаш, за ниту едно прашање од општ интерес меѓу себе се немаат целосно информирано и секогаш, кога во ретки ситуации доаѓало до некој таков обид, секоја од страните тоа го злоупотребила за евтини дневно-политички поени кај неинфомираната, лаичка јавност“, вели тој.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

Во разговорот со „Дојче веле“, Гошев остро ги критикува „историските експертизи“ на премиерот Зоран Заев и неговата подготвеност, според него, за постојано поместување на црвените линии, но и заглавеноста на ВМРО-ДПМНЕ во истата матрица од 1990 година наваму – дека тие се патриоти а сите други предавници, што притоа не им пречи, истакнува Гошев, да ја ограбуваат земјата како да е најтуѓинска, секогаш кога се на власт. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -