СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да нѐ меша нас

„ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не нѐ меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД“, одговорија денеска од СДСМ, откако опозицијата обвини дека објавувањето на списокот на имиња со бугарски државјанства, од страна на Каракачанов, било по нарачка и во полза на Заев.

„За должничко-доверителски односи со Каракачанов, нека си ги расчистуваат самите, без да се обидуваат да нѐ инволвираат нас.

Како и досега, СДСМ нема со било каква постапка да дава повод македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија“, велат од владејачката партија.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите
- Реклама -