СДСМ: Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување, со засилено темпо ќе ја зголемиме предноста во реформи во однос на регионот

„Неодобрувањето на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија. Со таквиот потег, Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите“, велат денеска од СДСМ.

Тие порачуваат дека Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија.

„Македонскиот национален идентитет не беше, не е и во ниту еден случај нема да биде предмет на преговори и разговори. Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на нашиот македонскиот идентитет“, категорични се од владејачката партија.

Прочитајте и:  СДСМ се враќа во форма, кризата од изборите е надмината - вели Филипче

„Ветото од Бугарија нема да нѐ обесхрабри, нема да дозволиме застој на внатрешните реформи што се за доброто на нашите граѓани и нашата држава. Напротив, Владата, државните инстуции, ќе го засилат темпото и ќе ја зголемат предноста во реформи што Северна Македонија ја има во однос на државите од регионот.

Владата предводена од СДСМ останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО и ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ!

Европските стандарди ги носиме дома. За нас, како и за огромното мнозинство граѓани нема нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ. Нашата, македонска иднина е европска“, порачуваат од СДСМ.

Претходно, пак, од бугарското МНР уште еднаш посочија дека манипулација било тврдењето дека Бугарија го оспорува нашето право на самоопределување…

- Реклама -