Бразил ќе започне со уништување на прашумата (видео)

Бразил ќе започне со уништување на прашумата (видео)Новоизбраната претседателка на Бразил, Дилма Вана Русеф, со голема леснотија дала овластување за почеток на изградбата на контраверзната хидроелектрана Бело Монте, чијашто брана ќе поплави преку 400 илјади хектари земја, на која денес живее племето Кајапо.

Иако протести стигнуваат од целиот свет, и покрај тоа што на бројните петиции се потпишани илјадници луѓе што се противат на уништувањето на бразилската прашума, се чини дека ништо нема да може да ја спречи администрацијата на Русеф да го оствари замисленото. Она што до пред некое време изгледаше незамисливо – нарушување на еден од најделикатните еко-системи на планетава, денес веќе станува горчлива реалност.

Со овој проект не само што ќе дојде до масовно расселување на домородното население во бразилската држава Пара, по што речиси неизбежно ќе следува и десткување, туку ќе бидат уништени и бројни ендемски растителни и животински видови. Доколку сакате да се вклучите во битката против ароганцијата на бразилската власт, можете да се потпишете на петицијата од Amazon Watch.

{youtube}RTuvFs73yLY{/youtube}

- Реклама -