Нова технологија ветува пренос на податоци еквивалентен на 70 ДВД-ја/сек.

Тим истражувачи од Универзитетот од Јужна Калифорнија развиле технологија за пренос на податоци која ќе може да пренесе еквивалент на 70 ДВД-ја во една секунда.

Предводен од Алан Вилнер, професор по електрично инженерство, тимот успеал да ги подобри постоечките технологии на извртена светлина за да достигне брзини од 2,56 терабити во секунда на растојание од околу 1,5 метри.

„Ние не го измисливме извртувањето на светлината, но тој концепт ние го подобривме до терабит во секунда“ изјавил Вилнер. „Може да направите некои работи со светлина кои не можат да се направат со електрицитет. Тоа е убавината на светлината; таа е серија фотони кои можат да бидат манипулирани на различни начини при многу високи брзини.“

Вилнер вели дека имплементацијата на технологијата опфаќа „фазни холограми“ за извртување на осум светлосни зраци во спирала слична на ДНК. Холограмот кој е резултат на оваа процедура може да пренесува податоци независно од секој светлосен зрак со многу голема брзина.

Според истражувачите технологијата има потенцијални апликации во сателитска комуникација, куси врски или дури и оптички кабли на големи растојанија.

- Реклама -