Бројот на возачите во Кина, колку населението во САД

Во моментов Кина има приближно ист број на луѓе со важечка возачка дозвола, колку што вкупно луѓе живеат во САД.

Сепак, две третини од возрасните Кинези уште не се квалификувани да управуваат автомобил, тогаш оваа бројка би била далеку поголема. Во моментов има регистрирано повеќе од 300 милиони возачи во Кина според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи. За споредба, целото население на САД е 310 милиони, а на целата Европска унија е 507 милиони. Само за последните четири години бројот на возачите е зголемен за 50%, додавајќи нови 100 милиони. Дури 35% од кинеските градови веќе имаат повеќе од 1 милион возачи. Големите центри како Пекинг и Ксинџијанг имаат двојно повеќе, објавува Министерството.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Зголемениот број возачи ќе ја зголеми побарувачката на автомобили. Се очекува производителите на автомобили да продадат околу 23 милиони нови автомобили оваа година. Прогнозата е од државната Кинеската асоцијација на производители на автомобили. Продажбата би била уште поголема доколку градови како Пекинг, Шангај и Ханджу не поставија лимит на бројот на нови автомобили, како обид за контрола на гасните емисии.

Изненадува и уште еден факт, дека и покрај зголемениот број на возачки дозволи, бројот на сериозните автотранспортни несреќи паѓа, тврдат од Министерството. Инцидентите кои довеле до последици со смрт, се намалиле за 36% во последните две години. Инцидентите поврзани со употреба на алкохол, се намалија за 39%.

- Реклама -