10-те најбизарни онлајн бизнис идеи што успеале

milliondollarMillion Dollar Homepage – 1.000.000 пиксели, по долар за секој пиксел – тоа е можеби најглупавата
онлајн идеја до која некој може да дојде. Меѓутоа Alex Tew,
21-годишник, не би сложил со нас и сега ни се смее бидејќи е милионер.


milliondolla3r1. Million Dollar Homepage

1.000.000 пиксели, по долар за секој пиксел – тоа е можеби најглупавата онлајн идеја до која некој може да дојде. Меѓутоа Alex Tew, 21-годишник, не би сложил со нас и сега ни се смее бидејќи е милионер.

2. SantaMail

Каква брилијантна идеја! Земете поштенска адреса на Северниот Пол, Аљаска, преправајте се дека сте Дедо Мраз и наплаќајте им на сите родители кои сакаат нивните деца да добијат писмо од Santa по 10$! Бајрон Рис има испратено повеќе од 200.000 писма од почетокот на овој бизнис во 2001, што го направи неколку милиони долари побогат.

3. Doggles

Што велите ако некој ви каже да креирате очила за кучиња и да ги продавате онлајн? Богами поглупаво од ова нема. Како успеаа да станат милионери и да имаат продавници низ целиот свет, никогаш нема да разбереме.

4. LaserMonks

LaserMonks.com е профитна компанија од Америка, со седиште во манастир со 8 калуѓери. Да, вистински калуѓери ви ги полнат испразнетите кертриџи од принтерот. Алелуја! Нивната продажба во 2005 надмина $2.5 милиони. Господ да ги благослови.

5. AntennaBalls

Неможете да продавате топчиња за автомобилски антени онлајн. Нема шанси. Дури и да продавате, тоа нема да ви донесе профит. Но, токму тоа го направи Џејсон Вал милионер.

6. FitDeck

Креирајте шпил карти со физички аеробик вежби и продавајте ги онлајн. Изледа како катастрофа, но поранешниот војник и фитнес инструктор Фил Блек лани пријави продажба од $4.7 милиони. Далеку подобро од војничка плата.

7. PositivesDating.Com

Дали би сакале да одите на состанок со HIV позитивна личност? Пол Грејвс и Брендон Кочлин помислиле дека можеби некој би сакал, па затоа креирале сајт за лица позитивни на HIV. Иако не заработуваат како гореспоменатите, нивната заработувачка за 2006 изнесувала $110.000, што е подобро од нас во секој случај.

8. Designer Diaper Bags

На Кристи Реин и здосадило да носи пелени наоколу во торбата за нејзиниот малолетен син. 34-годишната мајка сакала нешто компактно и стилизирано, па затоа во Ноември 2004 со мажот дизајнирале торба која собира до 4 пелени. Со повеќе од $180.000 продажба во 2005, компанијата на Кристи денес има 22 разновидни стила достапни онлајн и 120 бутици низ Америка. No comment.

9. TruGamerz

Контролери за конзоли и гел за да не направите плускавци на прстите? Изгледа како обична домашна закрпа, но овој продукт стана толку популарен што се појави на Target.com и Walmart.com, па годишната продажба сега изнесува нешто над половина милион долари.

10. Lucky Wishbone Co.

Лажни пластични коски за исполнување на желбите. Да, оние од кокошка, кога ги кршите и треба да замислите нешто. Кој би сакал да крши пластични коски?! Очигледно многу луѓе, бидејќи моментално основачот Кен Ахрони продава околу 30.000 дневно и очекува продажбата да достигне $1 милион оваа година.

Тоа е драги наши бизнис генијалци. Некогаш не треба да ги комплицирате работите, затоа што и најглупавите идеи може да ви донесат незамисливо богатство. Додека мислите од каде да почнете, погледнете уште бизарни бизниси кои можеби ќе ве инспирираат. Со среќа!

- Реклама -