Во Белград е уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на телевизијата Информер.
Вучиќевиќ е осомничен за кривичните дела предизвикување паника и неред подолг временски период, како и за попречување на правдата.
Веста од собраниските клупи ја соопшти доскорешниот српски претседател и сегашен лидер на опозицијата, Александар Вучиќ по што остана сам зашто останатите негови пратеници заминаа пред полициската станица во Вождовац.
Драган Ј. Вучиќевиќ е еден од најпознатгите и најконтроверзни српски новинари, во последните години најпознат по жестоката поддршка на власта на Вучиќ и бруталните пресметки со неговите политички противници.
Беше основач на Курир кој го напушта непосредно пред да се дознае за сопственичкиот удел на бизнисменот Мирослав Мишковиќ.
Пред три години кратко време беше во затвор поради одбивање да плати парична казна за навред на новинарот Југослав Ќосиќ, додека казната не ја плати неговата жена.