Храна што најдобро штити од ракот на дојка

Начинот на живот е еден од факторите за здраво тело или за оздравување од било која болест. Стилот на живот е од пресудна важност кај одредени канцерогени болести како ракот на дојка што може да го избегнеме со навремена превенција или излечиме доколку се открие на време.

Октомври е месец кој во целиот свет е посветен на борбата против ракот на дојка, најчеста канцерогена болест кај жените. Со тоа се зголемува свеста за превенција, рано откривање и лекување на овој вид на рак.

AWSEP09.GUIDE_.IBC.DTL-1

Потребно е да се знае дека ракот се развива низ годините под влијание на исхраната и генетските предиспозиции. Изборот на намирници, начинот на подготовка на храната и долгорочното однесување кон јадењето и пиењето имаат големо влијание на појавата на ракот, особено ако се исклучи генетскиот фактор.

Иако не се знае со сигурност која храна обезбедува најдобра заштита од опасната болест, научниците откриле врска меѓу храната и развојот на ракот. Така, штетните супстанци кои уште се нарекуваат слободни радикали циркулираат по целиот организам и ја уништуваат ДНК-та што поттикнува развој на канцерогени клетки.

breast_cancer

Одбранбен систем од слободните радикали наоѓаме во антиоксидансите кои што ги штитат здравите клетки.

Витамините C, E и Бета каротенот (провитамин, кој во човековото тело се трансформира во витамин А) се познати антиоксиданси што ги наоѓаме во овошјето и зеленчукот:

Витамин C – портокал, грејпфрут, лимон, бобинки, домати, компири, брокули, киви, зелка, жолта пиперка, прокељ

Витамин Е – јаткасти плодови и семки, путер од кикирики, кељ, јајца, масло од пченични никулци

S

Бета каротен – морков, спанаќ, кељ, тиква, кајсии

Полифенолите во зелениот чај имаат антиоксидантни својства, што би можело да го образложи и податокот дека Јапонците поретко заболуваат од рак. Лукот, празот и кромидот се богати со сумпор кој има антиоксидантно и антиканцерогено влијание.

За да спречите рак на дојка или да го сузбиете неговиот развој, јадете риба богата со омега 3 масни киселини (скуша, харинга, лосос и сардини) и мононезаситени масни киселини од типот омега 9 што ги има во маслиновото масло.

IMG_3116

Заситените масти од животинско потекло сведете ги на минимум како и омега 6 масните киселини што ги наоѓаме во пченката, маслото од маслодајна репка и маргаринот.

Покрај гореневадените насоки, во борбата против ракот вклучете и физичка активност во интензитет што вашето тело може да го издржи.

- Реклама -