Стискајте гради за да спречите рак на дојка

Стискањето на градите може да ги спречи малигните клетки што се во нив да предизвикаат рак на дојка. Момци, ова е научно докажано, затоа јавете ѝ се на партнерата и заедно работете во борбата против рак на дојка.

Експериментите на Универзитетот во Беркли, Калифорнија покажале дека физичкиот притисок на градите овозможува нормален развој на клетките и не дозволува тие да преминат во канцерогено ткиво.

– Луѓето со векови знаат дека физичката сила може да влијае врз човечкото тело. Кога креваме товар нашите мускули стануваат поголеми и посилни. Гравитациската сила им ја дава цврстината на нашите коски. Во истражувањето, пак, покажуваме дека физичката сила има уште една улога во развојот и одвраќањето на канцерогените клетки – се вели во резултатите од истражувањето.

Прочитајте и:  Најлошите јаглехидрати кои би можеле да го зголемат ризикот од рак, според нутриционист

Експериментите вклучувале малигни клетки вгнездени во силикон. Со помош на стискање на силиконот во првата фаза од малигниот развој, клетките постепено се одвратиле во нормален развој. Всушност, на клетките им било потребно тоа стискање за да вратат на „прав пат“.

Затоа момци и девојки, сите на стискање! [Squeezing Boobs Can Stop Breast Cancer]

- Реклама -