5 aпликации кои мора да ги имате

Ви претставуваме топ 5 апликации што мора да ги имате:

IMDb

1

Веќе можете да следите најновите информации за вашите омилени филмови и филмски звезди преку вашиот мобилен телефон. Корисниците од САД исто така можат да купуваат карти за кино преку оваа апликација.

Tinder за Android

2

Познатата апликација за состаноци Tinder, веќе е достапна и за Android уреди. Оваа апликација веќе подолго време е достапна за iOS, а компанијата создавач реши да почека апликацијата да достигне 1 милиони корисници, пред да ја прилагоди и за Android уреди.

Ruby за Reddit

3

Ruby претставува нов лесен клиент на Reddit за iPhone, чие деби беше минатата недела. Апликацијата ви дозволува да пребарувате корисници, наслови или да ги разгледувате последните теми на Reddit. Исто така вие можете да се претплатите или отпишете од конкретна тема преку вашиот мобилен телефон. Апликацијата овозможува да поднесувате линкови и текст, а исто така и да коментирате на определени статии или да ги читате коментарите на другите.

colAR

4

Оваа апликација ги зема традиционалните 2D страници и со помош на зголемена реалност ги претвара во 3D модели кои буквално се изразуваат на страницата. За разлика од сите други начини на боење, оваа апликација ги прави страниците да изгледаат живи со помош на анимација.

Google Maps 2.0 за iOS

5

Google оваа недела ја претстаци апликацијата Google Maps 2.0 за iOS уреди, вклучително и iPad. Оваа апликација има сите основни функции кои ги Google Maps за мобилни уреди ги имат, како на пример информации за јавениот превоз, насоки и навигација за велосипедисти и сл. Новото во оваа апликација е функцијата Explore која им помага на корисниците да наоѓаат нови места на близу без да мораат да воведат конкретно име.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -