Конечно Google Maps за iOS

По долго чекање и бесконечни шпекулации, Google Maps за iOS конечно се достапни за симнување во App Store. Мапите се опремени со сите потребни функционалности, но уште поважно, доаѓаат со SDK што им овозможува на девелоперите да ги интегрираат во останатите апликации наменети за iOS.

Со Google Maps за iOS доаѓаат сите вообичаени придобивки за сервисите на Google, односно навигација со упатства за секое свртување (turn-by-turn), инструкции за јавниот транспорт, како и Street View системот. Апликацијата им овозможува на корисниците да добиваат навигациски упатства користејќи го својот глас, но и информации за сообраќајниот интензитет во реално време. Опфаќа возови, автобуси, но и навигација за пешаци.

Апликацијата моментно се процесира низ повеќето App stores ширум светот, па корисниците надвор од територијата на САД веројатно ќе треба да почекаат малку за да ја симнат.

maps-730x308

Најинтересно е тоа што заедно со Google Maps, Google претстави и SDK, што е особено важно за iOS девелоперите, зашто ќе може да ги заобиколат мапите на Apple и да ги користат токму Google Maps во своите апликации.

На овој начин, Google ја зголемува конкуретноста меѓу различните производители на мапи, што во иднина за корисниците на iOS направи ќе се одрази со попрецизни мапи, што ќе содржат поголем број функционалности.

Преземетe ja Google Maps за iOS тука.

- Реклама -