Создаден 3D печатач кој печати човечка ‘рскавица

Се чини дека 3D печатењето штотуку стана поневеројатно. Научниците од Вејк Форест Институтот за Регенеративна Медицина создале хибриден 3D печатач кој кој создава човечка ‘рскавица.

Веќе има 3D печатачи кои создаваат кожа за лечење на рани, но оваа машина –  позната како 3D bio-printer – е уникатна бидејќи спојува две техники. Печатачот е комбинација на две евтини техники за производство: традиционален ink jet печатач и electrospinning машина. Комбинирањето на овие системи им овозможило на научниците да создадат структура од природни и синтетички материјали.

Синтетичкиот материјал обезбедува цврстина а природниот гел обезбедува средина која промовира раст и развој на клетки. Штом оваа вештачки создадена ‘рскавица биде имплантирана во телото, таа создава порозна структура која поттикнува раст на здрава, природна ‘рскавица.

Печатачот сè уште минува низ тестови, но засега тој покажува доста ветувачки резултати кај глувци. И секој што минал низ операција на колено или било кој зглоб, знае дека регенерацијата на ‘рскавица не е баш најлесна, што е една од причините поради која ова машина е неверојатна. [Cartilage made easy with novel hybrid printer]

- Реклама -