Ковачевски и Спасовски ќе присуствуваат на одбележувањето на Богојавление во Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре ќе присуствуваат на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Скопје, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски и Спасовски, според најавата, ќе пристигнат на мостот „Слобода“ во 11:30 часот и ќе присуствуваат на осветувањето на водите на реката Вардар и положување на светиот крст.

- Реклама -