Захарова: Западот ја уценува Србија дека не смее да соработува со Русија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Западот ја уценувал Србија дека што и да направи, не смее да соработува со Русија.

„Како и досега во Украина, Западот и постави услов на Србија, наместо хармоничен развој во согласност со националните интереси на српскиот народ, да направи тежок избор – или со Запад или со Русија. Но, сега тој избор е формулиран сосема поинаку, така што Србија може да го избере само Запад“, рече Захарова.

Според неа, нивните последни барања главно звучат како ултиматум, „што и да прави Србија, единствено не смее да соработува со Русија“.

Таа додаде дека Украина некогаш била вовлечена во истата рамка, а сите предупредувања од Русија биле игнорирани. Исто така, рече дека Србија во текот на својата историја не дозволила вакво сценарио на своја територија.

„Србија избра да се води од своите национални интереси. Не се согласи да ги исполни условите на Западот“, рече Захарова.

МИА

- Реклама -