Киев се надева дека, откако ќе биде поразена, Русија ќе биде исфрлена од ОН и Советот за безбедност

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека денеска Украина официјално во ОН ќе го постави прашањето за исклучувањето на Русија од Советот за безбедност на ОН.

„Нашето прашање е многу едноставно: дали Русија има право да остане постојана членка на Советот за безбедност на ОН и воопшто да биде во Обединетите нации? Имаме убедлив и аргументиран одговор – не, не“, изјави Кулеба.

Тој изрази уверување дека, како што рече, по поразот на Русија во војната што ја започна, прашањето за нејзината иднина повеќе „нема да биде табу тема за светската дипломатија“.

МИА

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат
- Реклама -