Најголемиот дел од луѓето сè уште не можат да се одлучат дали Samsung Galaxy Note е телефон или таблет-компјутер, а таа дилема ќе стане уште потешка со излегувањето на втората генерација, со поголем дисплеј.
Најголемите измени што се најавени кај новиот модел на Samsung Galaxy Note се: квад-кор процесор, камера од 12 мегапиксели, зголемување на дисплејот од сегашните 5,3 инчи (13,4 сантиметри) најверојатно на 5,5 инчи (14 сантиметри), а гласините велат дека Samsung Galaxy Note 2 ќе го има првиот дисплеј што не може да се скрши.
Она што е сигурно е дека новиот мега-телефон од Самсунг ќе работи со Android Jelly Bean 4.1 и дека за основа ќе ја користи напредната технологија вградена во Samsung Galaxy SIII.
Oфицијалниот датум на претставување не е потврден од компанијата, но се смета дека тоа ќе биде приближно 30 август, непосредно пред терминот закажан за претставување на новиот iPhone 5, од лутиот ривал на Самсунг, Apple. Samsung Galaxy Note 2 веројатно ќе се појави во продажба на почетокот на октомври. [Galaxy Note 2 rumors, still no official release date]