iPhone 5 се појави во Азија

Сајтот што се бави ексклузивно со вести од светот на технологијата, kitguru.net, објави опширна галерија со фотографии за кои се верува дека се од новиот iPhone 5, кој сè уште не е ниту најавен.

Според сите показатели, ова не би требало и не би смеело да биде финалниот изглед на новиот телефон од Apple, но е приближна груба верзија, разделена на производителите на додатоци за iPhone, кои треба да имаат доволно време да развијат цела мрежа производи уште пред да се појави вистинскиот телефон.

Од друга страна, Кинезите кои имаат чудна смисла за авторски права и интелектуална состојба, веќе започнаа со примање нарачки на непознатиот телефон. Имено, ако толку ви е важно да бидете меѓу првите кои ќе држат еден од новите модели на iPhone 5 во рака, уште денес можете да направите нарачка на сајтот TaoBao, и за депозит од само 1.000 Јуани да резервирате еден iPhone. Некои од партнерите на сајтот дури дозволуваат да купите од телефонот што уште не постои за 6.999 Јуани (55.000 денари).

Сепак, според информациите што сопствениците на сајтот ги соопштиле, понудата важи ексклузивно за Кина, а тие планираат да ги набават телефоните од САД и Хонг-Конг кога ќе започнат да се продаваат и воопшто не гарантираат специфичен датум на испорака за своите клиенти. [iPhone 5 Available for Pre-Order From Chinese Website — Wait, What?]

- Реклама -