Претворете го вашиот iPhone во електричен пиштол

Сакате да се одбраните од напаѓачи? Нема апликација која ќе ви помогне во тоа но постои овој додаток.

Двајца инженери од Батон Руж, Луизијана ја нудат Yellow Jacket кутијата за iPhone која има втора функција како електричен пиштол. Кутијата испушта 650.000 волти, што е доволно за совладување на секој напаѓач. Не само тоа туку кутијата, која е достапна во три бои – црна, бела и розова, ќе го продолжи животот на вашата батерија за дополнителни 20 часа.

Почетната цена на овој додаток е 85 долари а фамилијарна нарачка од четири кутии е достапна за 380 долари. Но тие цени се достапни само на оние кои ќе донираат минимум еден долар за производството. Авторите – Сет Фрум и Шон Симон – сакаат да соберат 100.000 долари. До сега тие имаат собрано само околу 5 проценти од таа сума. Тие работат и на Android верзија.

Не е јасно дали постои ризик дека кутијата ќе ве електризира за време на повик. Сет и Шон велат дека „Ако биде користена правилно Yellow Jacket не би требало да допре било кој дел од вашето тело за време на повик. Бидејќи е потребен директен контакт со кожата ние ги дизајниравме електродите да се насочени нагоре.“

„Кутијата има и безбедносен капак кој би требало да спречи случаен контакт. Секогаш има исклучоци за кои ние не сме одговорни. Запамтете дека ова не е традиционална кутија за iPhone.“

- Реклама -