Како ги паркираат велосипедите во Јапонија?

На YouTube се појави импресивно видео за тоа како луѓето во Јапонија ги паркираат велосипедите, што уште еднаш докажува дека оваа технолошки напредна држава размислувала за сè. Во видеото се гледа како маж го става својот велосипед во нешто како лифт, по што велосипедот влегува во метална шахта со бројни држачи за велосипеди. Потоа се складира велосипедот на неговото место во своевиден паркинг, додека сопственикот не се врати, за да го повлече.

Овде станува збор за држава во која велосипедите не се заклучуваат, а на сопствениците на велосипеди не им се случува да откријат дека им недостасува на пример, едно од тркалата или седиштето. Во Јапонија подземните гаражи за велосипеди постојат со години, а зад ова иновативно решение стои јапонската компанија Giken Seisakusho Co.

Видеото ја покажува убавината на механиката, благодарение на која се случува сето ова. Подземниот паркинг кој е отпорен на земјотреси, е со капацитет до 204 стандардни велосипеди и сопствениците може да паркираат еден велосипед за 13 секунди.

Паркингот за велосипеди дејствува со карти и чини 1 800 јени (околу 15 долари месечно).

- Реклама -