Отворен 16-меморијален турнир во мал фудбал „Сокол“

Минатиот викенд на игралиштето „Сокол“ во Карпош 1 свечено беше отворен 16-от по ред традиционален меморијален турнир  во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“.

Едномесечниот турнир, кој е во чест на основачот и навивачката легенда на вардаровите комити, се отвори со одигрување на ревијален натпревар на легендите на Вардар против легендарните ѕвезди на „Сокол“.

Вкупниот награден фонд на овој популарен турнир на територија на општина Карпош изнесува 1.000.000 денари.

Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Човек кој на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот токму поради залагањата на Комити во рамките на ФК Вардар. По тој повод 16 години успешно се одржува меморијален турнир во негово име под покровителство на населението на Карпош 1 и Општина Карпош во сеќавање на Сокол. Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година е се подобар и поорганизиран со амбиција да стане меѓународен турнир.

Се за турнирот дознајте ТУКА!

- Реклама -