Најголемиот крстозбор во светот е во Украина

Повеќе...

Најголемиот крстозбор во светот е поставен на фасадата на една повеќекатница во украинскиот грaд Лвив. Решенијата можат да се најдат на позначајните градски места и атракции, вклучувајќи паркови, фонтани и театри.


krstozbor.jpg

Најголемиот крстозбор во светот е поставен на фасадата на една повеќекатница во украинскиот грaд Лвив. Решенијата можат да се најдат на позначајните градски места и атракции, вклучувајќи паркови, фонтани и театри.
Хоризонталните и вертикалните решенија на овој џиновски крстозбор се наоѓаат насекаде низ градот, кој во 1998 година се најде на листата светски наследства на Унеско.
Крстозборот е висок 30м и покрива цела една страна од една стамбена зграда. На станарите и на тируситите им се пружа шанса додека шетаат не само да ги вежбаат нозете туку и малите сиви ќелии.
Бидејќи оваа загатка со своите 19 хоризонтални полиња и 34 вертикални е премногу висока рачно да се испишува, уметниците кои стојат зад оваа идеја предвидоа поинтересен начин за пополнување. Кога паѓа мрак, флуоресцентните букви во секое поле почнуваат да светат, откривајќи ги решенијата, така што љубителите на оваа "сложувалка" можат да си ги проверат одговорите. Но, посетителите на Лвив може да се забавуваат со оваа игра само ако знаат кирилица. 
Лвив се наоѓа на западниот дел од Украина, недалеку од границата со Полска. Познат е како град со богата културна традиција. [[Lviv]]

- Реклама -