Направи сам:Стапица за комарци

komarecТемпературите растат и комарците веќе се на повидок со наближувањето на летото. Следниот текст ќе ви објасни во неколку чекори како брзо да направите стапица за комарци, користејќи 2-литарско шише од Кока-Кола и шеќер.

Температурите растат и комарците веќе се на повидок со наближувањето на летото. Следниот текст ќе ви објасни во неколку чекори како брзо да направите стапица за комарци, користејќи 2-литарско шише од Кока-Кола и шеќер.


Како да направите стапица за комарци?


Потребни материјали:



Пластично шише од 2Л

50 грама кафеав шеќер

1 грам квасец

Термометар

Чашка за дозирање

Нож

Црна хартија

 
komarci1


1. Исечете го горниот дел од шишето(како прикажаното)



2. Ставете 200мл вода во шишето и измешајте 50 грама кафеав шеќер. Ставете ја шеќересаната вода на место каде ќе достигне 40C степени. Температурата измерете ја со термометар.


3. Потоа ставете ја шеќеросаната вода во шишето и додадете го квасецот. Нема потреба да ги мешате квасецот и водата, бидејќи кога тој ферментира создава јаглен диоксид.

 
komarci2



4. Кога ќе го исечете шишето, не го фрлајте горниот дел бидејќи тоа ќе ви биде потребно за оваа точка – го ставате наопаку во шишето како на сликата. За да не излегува јаглен диоксидот од страните, затворете ги рабовите на шишето со леплива лента.



5. Ставете црна хартија околу шишето бидејќи комарците сакаат темни места и јаглен диоксид. По ова, стапицата е функционална. Комарците летаат по ќошевите, па најдобро место каде би можеле да ја поставите е некој ќош во вашата соба.

Совети: Ставете ја стапицата на некое темно и влажно место на период од 2 недели и ќе го видите ефектот. Менувајте ја шеќеросаната вода и квасецот секои 2 недели.

- Реклама -