Home Букаке Зошто волците завиваат на месечина?

Зошто волците завиваат на месечина?

0
Зошто волците завиваат на месечина?

Сеедно им е кон што ќе завиваат. Всушност волците не завиваат поради месечината.
Завивањето е најважната форма на комуникација и социјално однесување на овие предатори. Додека волкот завива извршува неколку цели одеднаш: ја одржува кохезијата на глутницата, помага за координирање на нејзините активности, ги потврдува “правата за сопственост” на глутницата, пренесува пораки за освоениот плен и други важни сведоштва.

maxresdefault

Може да се каже дека во животот на волците завивањето ја игра приближно истата улога што во старите армии ја играле рогот, барабанот и боречките извици.

Замислата дека волците завиваат кон месечината најверојатно се создала поради неколку причини.

Прво, завивајќи волкот ја крева муцката и со тоа обезбедува рамномерно ширење на звукот на сите страни и им помага на другите членови на глутницата да ја одредат локацијата на неговиот извор. Второ, волците завиваат најчесто ноќе, затоа што се активни во тоа време од деноноќието.

klb812s-600x450

Всушност нив не ги интересира дали има месечина на небото: Волчјото завивање се случува  и на млада месечина, и во мрачни ноќи, а понекогаш и во текот на денот. Сепак кога нема многу ветер, волчјиот глас надалеку се слуша, па затоа истото се поврзува со месечината. Уште еден фактор на кој и ја должиме оваа заблуда е и телевизијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here