Леонардо Дикаприо сака да го игра Путин

Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо изјави во интервју за германскиот “Ди Велт” дека многу би се радувал ако му се пружи можност да ја одигра улогата на Владимир Путин во филм.

phptojrz6_559x-

Тој рече дека тоа би било “многу, многу интересен предизвик”. Актерот се сретна со рускиот претседател пред неколку години во Санкт Петербург, каде што двајцата разговараа за спасувањето на сибирските тигри.

“Фондацијата ми обезбеди финансиска поддршка на некои проекти за зачувување на дивите мачки. Путин и јас разговаравме за заштита на овие величествени животни, а не за политика”, коментира тој пред германското издание.

Ди Каприо сподели дека е фасциниран од руската историја и смета дека треба да има повеќе филмови на оваа тематика. Нему исто така би му било интересно да ја преземе улогата на Ленин или Распучин.

Актерот не планира да се приклучи активно во политиката, барем засега:

“Засега не се гледам во политиката, иако не би ја отстранил целосно можноста за такво нешто”.

За време на нивниот состанок со Путин во 2010 година Леонардо му кажал на претседателот дека двајца од неговите прадедовци се Руси и отсекогаш сакал да ја однесе баба му во Санкт Петербург. На тоа Путин му одговорил дека штом Леонардо ќе го запознае градот, ќе се гордее со руските корени, а по средбата новинарите го нарекоа уметникот “вистински маж”, бидејќи присуствувал на средбата и разговарал со Путин, наместо да си измисли извинување и да не дојде поради политички причини.

- Реклама -