Стручњаците за пазарот на електрични возила прогнозираат дека новината Renault Zoe за кратко време ќе преземе поголем дел од купувачите на Нисановиот Leaf, што секако не е во интерес на алијансата.
Овие прогнози се темелат на фактот што Zoe е поевтин од Leaf, па затоа би имал повеќе купувачи, но се напоменува исто така дека е и помал од Нисановиот модел. Стручњаците сметаат дека со ова во предност е возилото на Рено, бидејќи електромобилите во моментов првенствено се наменети за градските урбани средини.
Кога технологијата е во прашање, предноста е исто така на страната на Zoe, бидејќи располага со систем за дополнување на батериите со енергија од сопирањето, топлотна пумпа и специјална серија на енергетски ефикасни гуми. Тоa е и сосем разбирливо со оглед на тоа што Zoe се лансира две години подоцна во однос на Leaf. На крајотм клучна точка е што Zoe со едно полнење на батериите може да мине 210, а Leaf само 175 километри.
Директорот на проектот електрични возила, Тиери Коскас, реагираше мошне мирно на овие прогнози и во интервју за Automotive News истакна дека ако е така не може ништо да се измени, а она што е најважно за алијансата е да има интерес за двата модели. За Zoe единствен пазар каде може да се потврди е на Стариот Континент, а Leaf има интерес во целиот свет. Цената на Zoe во моментов во Франција е 15.700 евра, а на Leaf 30.900 евра.
Објавено во соработка со Авто Плус.