Животот на батериите трае година и пол

Лоша вест за потрошувачите кои сметаат дека спокојно можат да издржат две-три години со сегашните уреди, бидејќи им вршат идеална работа.

Според Battery University, животот на литиум-јонските батерии кои се среќаваат кај речиси сите Smartphones, е помеѓу 300 и 500 циклуси на полнење.

Low-Battery (1)

За циклус на полнење се смета секое вклучување на полначот кога батеријата на смартфонот е под 70% од својот капацитет.

Технички батериите на смартфоните се предвидени да издржат меѓу година и година и половина. Истражувањето на Battery University покажува уште дека капацитетот на батеријата може да биде намален од околу 94-88% до 84-73% по само 250 циклуси на полнење. Тоа е 10-15% намалување на капацитетот на батеријата само за осум месеци. Резултатите се предвидени без да се земат предвид другите неповолни фактори за батериите, како нивната изложеност на високи температури или подолгото поврзување со полнач, дури и кога се натоварени на 100%.

low-battery

Добрата вест е дека овие пресметки се направени на база на очекувањата за полнење на смартфоните од состојба на целосна исцрпеност до 100%. Оние кои не чекаат батериите да им се испразнат целосно, практично имаат повеќе од предвидените помеѓу 300 и 500 циклуси на полнење. Оние кои ја ставаат батеријата да се вчита кога е едвај 25% од својот капацитет, практично можат да ги зголемат циклусите на полнење до помеѓу 2000 и 2500. Така се избегнуваат штетите кои се нанесуваат кога батеријата ќе се испразни целосно.

- Реклама -