Зеленски: Русија може да го земе Киев само ако го срамни со земја

Русија може да го освои Киев само ако го срамни со земја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во едно од најновите обраќања.

Пораката доаѓа откако високи претставници на Пентагон предупредија дека допрва се очекува офанзива на руските сили кон Киев, а заменик министерот за надворешни работи на Русија, од своја страна, ги предупреди САД и Западот дека од сега конвоите со оружје за Украина стануваат легитимна мета на руските сили.

САД и НАТО сојузниците досега испратија 17.000 анти-тенковски проектили и 2.000 против-воздушни „стингери“ за поддршка на Украина, посочува Sky News.

Зеленски, пак, истакна дека не гледа „заеднички консензус“ меѓу северно-атлантските сојузници за прием на Украина во НАТО, но и повтори дека на членките на Алијансата им недостасува „храброст“ во одговорот на руската инвазија.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Според Зеленски, „досега се убиени околу 1.300 украински војници“, а само во петокот се предале околу 600 руски војници.

Во меѓувреме, советниците и најблиски соработници на Зеленски, објавија видео од нивна прошетка низ Киев. Жално е, велат, што улиците се празни, но успеале да најдат кафе.

- Реклама -