Зеленски потврди дека САД тајно испорачале моќни ракетни системи ATACMS во Украина

Американските балистички ракети со долг дострел се тајно испратени во Украина и се користат на бојното поле против Русија, изјави официјален претставник запознаен со потегот.

Веста потоа ја потврди и Зеленски.

Испораката на ракетите се држеше во тајност, а првата јавна потврда се очекуваше да дојде кога проектилите ќе бидат употребени на бојното поле.

Зеленски и другите украински лидери извршија притисок врз САД да го обезбедат ракетниот систем, познат како ATACMS, но САД се спротивставуваа со месеци, загрижени дека Киев би можел да го искористи оружјето за да нападне длабоко во руска територија.

Бајден се согласи на испораката минатиот месец и му кажа на Зеленски за време на состанокот во Белата куќа дека САД ќе ѝ дадат на Украина ATACMS.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Меѓутоа, САД одбија да дадат какви било детали за времето или бројот на испорачани проектили.

Поради загриженоста во Вашингтон за ескалација на тензиите со Русија, верзијата на ATACMS што е испорачана во Украина има помал дострел од максималниот дострел на ракетите.

Додека некои верзии на ракетите можат да патуваат преку 300 километри, оние што се испраќаат во Украина имаат помал дострел и носат касетна муниција, која се отвора во воздух кога е истрелана, ослободувајќи стотици бомби наместо една боева глава.

МИА

- Реклама -