Зеленски по средбата со Вучиќ: Ѝ се заблагодарив на Србија за помошта и поддршката за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на платфорната Х сподели детали од средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, по самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржа денеска во Тирана.

Тој и се заблагодарил на Србија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за хуманитарната помош за прием на Украинците кои ја напуштиле земјата поради војната.

– Се сретнав со претседателот Вучиќ и ѝ се заблагодарив на Србија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзината хуманитарна и финансиска помош и добредојде на Украинците кои бегаат од војната, напиша Зеленски.

Тој додаде дека ја нагласил важноста од учеството на Србија во спроведувањето на формулата за мир.

Прочитајте и:  Зеленски: Ако сакавме да ја заземеме нукларната централа во Курск, ќе ја заземевме

– Ја нагласив важноста од учеството на Србија во спроведувањето на формулата за мир. Ние го координиравме натамошното информирање со цел да ја прошириме глобалната поддршка за формулата. Го информирав претседателот Вучиќ за моменталната состојба на фронтот. Разговаравме и за безбедносните и политичките предизвици во Источна Европа, наведува Зеленски во објавата на платформата Х.

- Реклама -