Зеленски: Oчигледно e дека Путин го уби Навални

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Путин „го убил Навални“.

Зеленски рече дека на Путин „не му е грижа кој ќе умре“ и дека на рускиот претседател му е важно само да остане на власт, пренесува германски „Велт“.

Тој наведе дека Путин „треба да изгуби сè“ и „да одговара за злосторствата“.

Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненецки на 48-годишна возраст.

Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Прочитајте и:  Американски сенатор: Залудно е да се преговара со тиранинот Путин

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

- Реклама -