Зеленски: Не сум сосема сигурен дека Путин е жив

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешното видео обраќање на Светскиот економски форум во Давос рече дека не е „сосема сигурен“ дека рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека носи одлуки во Русија.

„Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што да разговарам. Не сум сигурен дека претседателот на Русија, кој понекогаш се појавува со помош на техниката ‘chroma key’ (* видео пост-продукција врз основа на зелен екран, што во случајов би значело дека Кремљ го монтира Путин врз лажна позадина) е навистина тој“, рече Зеленски, коментирајќи ја можноста за мировни преговори меѓу Киев и Москва.

„Киев Индипендент“, слично на Зеленски, тврди дека има експерти што веруваат дека Путин ја користи оваа техника за време на телевизиските настапи за да изгледа дека е присуствува на одреден настан, а всушност е некаде на безбедно место.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

Во обраќањето, Зеленски рече дека Украина направила сѐ што може по дипломатски пат да ги ослободи своите територии, но дека тоа не успеало.

„Мировните преговори сè уште не се мир“, додаде украинскиот претседател.

Извор: МИА

- Реклама -