Здрава и лесна диета

Доколку конечно се решивте да симнете некој килограм, овој режим на исхрана ќе ви биде одличен начин без мачење да стигнете до посакуваната цел. Со оваа диета ќе ги изгубите килограмите на природен и здрав начин, без да гладувате. За разлика од голем број диети, во кои после нивното завршување можат да се појават контра ефекти, оваа диета подразбира балансирање на хранливите материи и одржување на калориите на стандардно ниво. После само 14 дена, резултатите ќе бидат евидентни.

Здрава и брза диета за слабеење без напор

Пред појадок

Почнете го денот со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Ваквата лимонада ќе го прочисти телото и ќе помогне во разградувањето на мастите.

Во наредниот час и половина испијте уште три чаши вода за да го исчистите телото од токсини. Препорачливо е во текот на денот да се напиете барем 2 литри вода, но не по секоја цена.

Појадок

Запомнете дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот. Постојат неколку опции за овој оброк.

Варено јајце или кајгана

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Овес или житарки со млеко

Овошје (доколку јадете банана, ограничете се на една)

Здрава и брза диета за слабеење без напор

Ручек

За ручекот подгответе си оброк кој содржи многу протеини и искомбинирајте ги со свежа салата. Еве неколку предлози:

Печено или варено пилешко, мисиркино или телешко месо

Печена риба или исцедена туна

Супа од спанаќ и интегрални тортиљи

Вечера

Вечерата треба да биде најлесниот оброк. Можете да подготвите супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Исто така можете да подготвите и печен зеленчук со минимална количина маслиново масло или да направите пуканки.

Помеѓу оброците

Доколку огладнете помеѓу оброците, можете да исцедите сок од свежо овошје или да изедете мала количина интегрални грицки.

Здрава и брза диета за слабеење без напор

Строго забрането

Шеќер

Сокови во амбалажа кои содржат адитиви

Чипсови и закуски

Чоколади и слатки од секаков вид

Леб

Препорачливо

Покрај ваквиот вид исхрана, препорачливо е и да спортувате. Каква било активност 3 пати неделно може да ви помогне да се чувствувате уште поудобно во сопственото тело.

- Реклама -