Залезот на седаните

Возилата со класична триволуменска каросерија, под чиј знак мина 20 век, се бараат се помалку и наскоро ќе го отстапат лидерското место дури и на конзервативни пазари како американскиот и рускиот, предвидуваат експертите.

Анализата на податоците за продажбата на глобално ниво покажува дека се повеќе купувачи преферираат каравани, миниванови и кросовери, пред традиционалните седани.

По 10 години во САД ќе се продаваат првенствено кросовери и момоволуменски модели. Слични автомобили и во моментов уживаат огромна популарност на американскиот пазар. Кон огромните пикапи и теренци наскоро ќе се приклучати компактните SUV изданија. Во моментов кросоверите чинат во просек само од 1.000 до 1.500 долари повеќе од класичните семејни седани и оваа разлика ќе се намалува уште повеќе.

619_Toyota-Camry-470-3

Само во првите три месеци од 2013 година продажбата на триволуменските модели во САД се намали за 0,7%, што се смета за сериозен параметар за едно тримесечје. Бестселерите во сегментот страдаат најтешко во овој тренд. Во април се купени 14% помалку Toyota Camry, а кај Honda Accord падот е 5%, иако резултатите во вкупниот пазар потврдуваат раст од 8,5%.

582_Honda-Accord-470-2

Побарувачката на кросовери и теренци во Русија, каде седанот има речиси посебни традиции, исто така, расте со побрзо темпо. Во 2011 пазарниот удел на возилата од класа SUV бил 24.8%, а минатата година достигна 30%. Тоа ги тера многумина експерти да предвидуваат дека до 2015 година теренците и кросоверите ќе станат најпродаваните модели.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -