Заев во Брисел: Македонците нема да преговараат за сопствениот идентитет и да дозволат таа тема да биде ставена на маса

Целта на посетата на Брисел токму во деновите кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан, има за цел да биде слушната пораката дека Македонците и граѓаните на Северна Македонија нема да преговараат за сопствениот идентитет и нема да дозволат таа тема да биде ставена на масата за дебата во име на стартот на преговорите со ЕУ, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Европскиот парламент – Давид Сасоли.

Тој упатил благодарност до Европскиот парламент за постојаната поддршка за Северна Македонија и потенцирал дека очекува таа поддршка да биде уште понагласена во претстојниот период, за да се одобри организирање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Сасоли и Заев се согласиле дека Северна Македонија и нејзините граѓани имаат голема поддршка во ЕП и дека тој е убеден дека тоа ќе биде така постојано, како охрабрување до институциите на ЕУ да го одобрат одржувањето на првата меѓувладина конференција.

- Реклама -