Заев: Не сме далеку од договор со Бугарија

„Не сме многу далеку од договор со Бугарија“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на маргините на Македонскиот енергетски форум.

Тој изрази задоволство и увереност за евентуална средба со бугарскиот колега (и, како што и овојпат посочи – пријател) Бојко Борисов, која би се одржала во периодов до вториот министерски совет на ЕУ на 8 декември, а изрази надеж дека работните групи меѓу двете земји, кои постојано работат на изнаоѓање решение, ќе создадат услови за тоа:

„Нашите работни групи контактираат интензивно – се развиваат идеи, се разглобуваат секакви варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата народа да се изнајде европско решение со вградени европски вредности во него“, рече Заев.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

Како што истакна, одговарајќи на новинарско прашање, не се работи за некакви отстапки што би ги прифатила земјава, туку за решение од двете страни, до кое „има начини како да се дојде“.

Притоа, Заев потенцираше дека му е драго што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, што според него ќе послужи како основа за решение.

Извор: 360 степени

 

- Реклама -