Заев: Не би ги кревал надежите за 6 октомври, пологично е зелено светло да добиеме во декември

Иако на 6 октомври има закажано самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ, премиерот не очекува тогаш да дојде до повлекување на блокадата од страна на Бугарија. Пологично е, истакна тој, тоа да се случи во декември, бидејќи таквите одлуки обично се носат на крајот на секое претседателство со ЕУ.

„Изгорени сме неколку пати, и јас и нашиот народ, и не би ги кревал надежите за 6 октомври, затоа што нема логика, имајќи предвид дека ваквите одлуки Европскиот совет и Советот за општи работи ги носат на крајот на полугодието кога завршува претседавањето на одредена земја“, изјави Заев.

Тој изрази увереност дека и Словенија, која од 1 јули ќе претседава со ЕУ, исто така ќе покаже сериозен фокус по ова прашање, но дотогаш Владата ќе продолжи да се обидува за изнаоѓање решение со Бугарија.

„Продолжуваме со напори, со обиди, знаејќи до каде смееме и што е дозволиво за разговори, надевајќи се дека час поскоро ќе продолжи европеизацијата низ европските механизми, односно преку поглавјата, затоа што европеизацијата се случува секој ден во нашата земја и ние друга алтернатива од тоа немаме. Убеден сум дека низ поглавјата е тоа вистинското кое што треба да се случи и затоа ќе продолжиме да правиме и понатаму напори, но моите очекувања се декември оваа година“, рече Заев.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Според него, најважно е што се потврдило дека не се преговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а тоа, рече, го соопштила и бугарската страна.

„Тоа е предвидено во преговарачката рамка и таму стои ‘преводот на акито ќе биде на македонски јазик’. Точка. Тоа е важно прашање. Тоа беше за нас најважното. Секако, важно е и Бугарија да ја тргне блокадата“, истакна премиерот.

Заев тврди и дека нема ништо проблематично во точките од „патоказот“, во кој, како што рече, на 18 страници се содржани сите аспекти на соработка – почнувајќи од инфраструктирата, па до економијата, спортот, културата, онбразованието, одбраната. Тој посочи дека португалскиот предлог бил Македонија да приложи патоказ, а Бугарија да го прифати, но и патоказот бил даден во случај на зелено светло од страна на Бугарија.

„Затоа овојпат навистина сакаме да знаеме колку сме сериозни, и ние, но и Бугарија“, посочи премиерот.

- Реклама -