Заев: Може да коалицираме и со ДУИ и Алијанса/Алтернатива, но ако се отстранат национализмите

Лидерот на СДСМ – Зоран Заев, во изјава по завршување на конститутивната седница во Собранието, најави дека очекува новата влада да биде договорена најдоцна за 10 до 15 дена.

Притоа, тој не ја исклучи можноста за коалицирање и со ДУИ и со Алијанса за Албанците и Алтернатива, но како што истакна,тоа ќе зависи од тоа дали ќе бидат „отстранети  етничките предрасуди или национализми“.

Заев најави дека ќе се разговара исклучиво за формирање Влада која ќе се грижи за сите граѓани подеднакво – согласно паролата „Едно општество за сите“, но и за неселективна одговорност на оние што го прекршиле законот, економско јакнење и зголемување на стандардот, воведување европски стандарди за подобар живот и цврсто чекорење по патот на евроинтеграцијата.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

Заев порача и дека чинители во идната влада ќе треба да се подготвени на намалување на бројот на министри, особено оние без ресор, како и голема реформа на администрацијата, со нејзино намалување за 20%.

За иницијативата на ДУИ за премиер Албанец, лидерот на СДСМ рече дека за такво нешто треба да се имаат бројки и дека „со 15 пратеници не се станува премиер“. За евентуалната можност ДУИ да оди во опозиција, Заев одговори дека граѓаните преку своите гласови ги даваат правците и очекувањата.

- Реклама -