Заев имал „одличен состанок“ со Ахмети, СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

„Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“, соопшти премиерот и лидер на СДСМ – Зоран Заев.

Како што вели тој, заедничка цел на СДСМ и ДУИ е во предизборната коалицијата да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

„Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг“, истакна Заев.

Во тек се, додаде тој, постапките за избор на најдобрите кандидати. Според него, тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба.

Прочитајте и:  Воздухот е загаден зашто оваа влада не презема ефективни мерки, тоа ја прави нелегитимна - велат од ДУИ

Со Ахмети се согласиле и дека институциите имаат и обврска, и капацитет, да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори, соопшти лидерот на СДСМ.

- Реклама -