Заев до фон дер Лајен: Само без идентитетот на маса ќе продолжиме да разговараме за нашата европска иднина

Уште поактивно вклучување на ЕК во изнаоѓање на решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, побарал премиерот Зоран Заев на средбата со претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, во Брисел.

Заев истакнал и дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет, кои се наметнати како прашања од Бугарија, воопшто не смеат да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека единствено без нив Северна Македонија ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

„Македонскиот идентитет, освен што е прашање на гордост, е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност“, порачал премиерот Заев.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Тој подвлекол дека државава ги спроведе сите реформи, дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.

На средбата, фон дер Лајен потврдила дека ЕК ќе се вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман бидејќи, како што рекла таа, ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ. Претседателката на ЕК посочила и дека ЕУ се се залага за двете земји, Северна Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одлагање.

- Реклама -