Заев: Никако нема да прифатиме уцена од ДУИ, без оглед каква е цената

Условот на ДУИ за премиер Албанец е уценувачка порака, а СДСМ уцени нема да прифати дури ни ако ДУИ е одлучувачки фактор на овие избори, изјави лидерот на коалицијата „Можеме“ – Зоран Заев, во интервју за „Телма“, пренесува „360 степени“.

„Уцени не прифаќаме никако. Без разлика каква ќе е цената. Опции имаме и ги гледаме. Алијанса за Албанците и Алтернатива како коалиција се сериозна опција, да видиме малите политички партии, колку мандата ние ќе добиеме. Сето тоа е отворено. Јас оставам простор граѓаните да го дадат легитимитетот кој што да биде во оваа држава“, рече Заев.

Дури и ДУИ да го повлече условот, СДСМ приоритет ќе им даде на другите опции, истакна Заев, повторувајќи дека останува на ставот дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека тоа е добро за државата. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  ВРЕДИ: СДСМ И ДУИ се однесуваат како да се опозиција девет години, а не само 90 дена
- Реклама -