За Русија и Јапонија Втората светска војна сé уште трае

Ќе биде потребно уште многу работа пред Русија и Јапонија да го потпишат мировниот договор кој не е потпишан од 1945 година, порача рускиот претседател Владимир Путин.

Тоа не е направено поради територијалниот спор околу Курилските острови.

„Макотрпен процес нé чека пред потпишувањето на тој документ со услови прифатливи за двете страни“, рече Путин по состанокот со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Москва.

Москва и Токио спорат околу Курилските острови уште откако Советскиот сојуз ги припои на 18 август 1945 година, три дена по капитулацијата на Јапонија, а врз основа на претходна одлука на големите сили од антихитлеровската коалиција.

Спорот се гледа дури и во тоа како двете земји ги нарекуваат островите. За Русија се Јужни Курили, додека за Јапонија се Северна територија.

Во меѓувреме на Јапонија ѝ беа понудени два од островите, но тие инсистираат да им бидат вратени сите четири.

 

- Реклама -