Home 365 Денес За некого криза, а за Ролс Ројс рекордна продажба на автомобили во 2022 година

За некого криза, а за Ролс Ројс рекордна продажба на автомобили во 2022 година

0
За некого криза, а за Ролс Ројс рекордна продажба на автомобили во 2022 година

Кризата и порастот на трошоците за живот ги одминала луксузните автомобили. Тоа го покажуваат бројките на британскиот производител на автомобили Ролс Ројс, кој изминатата 2022 година остварил најголема годишна продажба, со вкупно 6.021 продадени примероци.

Како што соопшти компанијата, која е дел од германската групација BMW, тоа е зголемување од 8% во однос на 2021 година. Испораки имало до клиенти во околу 50 земји, а најмногу автомобили се продадени во САД, Кина и Европа.

И додека остатокот од автомобилскиот пазар сè уште закрепнува од пандемијата на коронавирусот и глобалниот недостиг на полупроводници, и други брендови на луксузни автомобили, како Бентли и Бугати, постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот. Доказ дека нема зима во тој сектор е примерот на компанијата Ламборгини (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

Извор: МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here