„Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“, пишува во објава на „Фејсбук“ тетовскиот градоначалник (од редовите на БЕСА) – Билал Касами.
Во објавата Касами споделил две фотографии со негови соработници и гости, а до текстот ставил и албанско знаменце.
Објавата на Касами, очекувано, ги разбранува страстите. Граѓани во коментарите го потсетуваат дека не е градоначалник на Тирана и дека треба да се фокусира на бројните проблеми на градот, а не на национализам.
Но, во мноштвото коментари има и таков што посочува дека не Тетово, туку Скопје е главен град на Албанците. Друг, пак, му реплицира дека Тетово е срцето на Голема Албанија…