Yamaha конечно со свој автомобил

 

Компанијата за производство на мотоцикли Yamaha го претстави на салонот во Токио концептниот компактен автомобил Motiv, кои ќе се нуди во две модификации – бензинска и електрична, а направен е за пазарот во Европа.


Автомобилот е прв во светот, разработен по технологијата iStream, патентирана од познатиот британски конструктор Гордон Мареј. Тој е меѓу креаторите на моделот McLaren F1. Соработката на Мареј со јапонската компанија започна уште во 2008 година, но набргу потоа е прекината поради светската финансиска криза.

Motiv е развиен за 15 месеци, а на пазарот во Европа ќе се бори за клиентите заедно со Smart. Широчината и височината на моделот на Јапонците се соодветно со 50 и 60 mm помали од онаа на нивниот конкурент, но двете возила се со иста должина – 2.690 mm. Јапонскиот „лилипутанец“ е за 100 килограми полесен од Smart .

Бензинската верзија на Motiv е со 3-цилиндерски мотор со зафатнина од 1.0 литри и моќност од 70 КЅ. Погонот е на задните тркала, а менувачот – 6-брзински роботизиран со двојна спојка. Забрзувањето до стотка е за 10 секунди, а максималната брзина достигнува 160 km/h. Електричната модификација располага со 33 КЅ, што овозможува забрзување од 0 до 96 km/h ч за околу 15 секунди. Кај неа максималната брзина е 105 km/h.

Motiv засега е само концепт, бидејќи раководството на Yamaha размислува да го пушти во серија. Ако тоа се случи, тогаш стартот на производство ќе биде во 2016 година. Досега компанијата Yamaha учествувале во изработката на неколку мотори наменети за спортски модели на Toyota, Lexus, Ford, Volvo, Lotus и Noble. Во 90-тите години на минатиот век дури направи и обид да создаде свој суперавтомобил.

 

- Реклама -