Вучиќ презадоволен од разговорот со Трамп: Нема да верувате, тој дури зборуваше и за спортските успеси на Србија

Одличен, срдечен и содржајен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти претседателот Александар Вучиќ на Инстаграм. Тој наведе дека во телефонскиот разговор изразил надеж дека Доналд Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија била земја во која поддршката за неговиот избор била најголема во цела Европа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Одличен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Срдечен и содржаен. Верувам во посилно партнерство со САД под водство на претседателот Трамп, соопшти претседателот Вучиќ на Инстаграм.

Тој е благодарен на претседателот Трамп бидејќи, како што вели, многу добро знаел многу работи за Србија.

-Нема да верувате, дури зборуваше и за спортските успеси на нашата нација, нашата земја, истакна Вучиќ.

Ја искористи приликата, со желба дополнително да ги подобриме односите во сите сфери на општественото живеење, да изрази надеж дека Доналд Трамп ќе ја посети Србија, бидејќи Србија беше земјата каде поддршката за неговиот избор беше најголема во цела Европа.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

-И претседателот Трамп се заблагодари за огромната поддршка што ја доби од граѓаните на Србија, од српскиот народ, рече Вучиќ.

Тој верува дека во наредниот период ќе можеме да разговараме за натамошно унапредување на нашите односи на сите полиња.

-Сигурен сум дека, со поддршка на нашите пријатели, а под пријатели, мислам на целото опкружување на претседателот Трамп, кои беа со него вечерва за време на разговорот, дека ќе можеме да ја направиме, тој- Америка голема, а ние да ја направиме Србија пристојна земја и земја која ќе може добро, многу добро да соработува САД, порача претседателот Вучиќ.

- Реклама -