Прогнозата за времето ни навестува неколку врнежливи денови (види тука) па затоа решивме да ве запознаеме со интересни факти за дождот од различни земји. – Во Португалија дождот претставува оправдана причина да не се оди на работа.
– Всушност дождот нема мирис. Супстанцијата, која што ја чувствуваме како мирис, се нарекува геосмин.
– Дождот е причината за појавата на временските прогнози на радио. Кога американскиот сопственик на радио го фатило пороен дожд, тој смислил нова рубрика за предвидување на времето.
Прочитај повеќе: Конечно откриена е тајната на капките дожд
Прочитај повеќе: Осамени дождливи фотографии
– Во топлата и сува Боцвана луѓето се поздравуваат со зборот „дама”, што значи „дожд”. Националната валута на земјата, исто така се вика “дожд”.
– Во ХVІІ век во Велика Британија е донесен закон за дождот, според кој погрешното предвидување на времето се казнува со смрт.
– Човекот може да остане сосема сув под дождот, ако се наоѓа во пустината. Во пустините капките едноставно не стигнуваат до земјата, туку испаруваат во воздухот од топлината.
Прочитај повеќе: Зошто не сме расположени кога паѓа дожд?
– Сите употребени дефиниции на дождот имаат точни рамки. На пример „минлив дожд” значи времетраење на врнежите под 3 часа. „Очекувани врнежи” значи времетраење на дождот барем 1.5 деноноќија. „Без значителни врнежи” воопшто не значи дека нема да врне, туку дека нема да падне повеќе од 0,3 литри на метар квадратен.
– Во денешно време можете да си направите вештачки дожд, со помош на честички сув мраз кои што се исфрлат од авион врз облак. На овој начин луѓето можат да се борат со сушата и да го одвлекуваат вниманието на облаците.
– Приближно еден на сто милиони луѓе страда од алергија од дожд. Секое едно изложување на дожд на сличен човек води до црвенило на кожата, оток и понекогаш дури и смрт.
Прочитај повеќе: Бебе за прв пат на дожд